Skopjeclubbing е водечки македонски веб портал за електронска музика
Основан во 1997 година, SkopjeClubbing е водечки македонски музички магазин за електронска музика со повеќе од 20000 уникатни посетители месечно. Независен портал кој е специјално направен за обожавателите на електронската музика, кој со години ги информира за најновите информации од областа на модерната и современа електронска сцена, настани и фестивали кои се случуваат во Македонија и пошироко, модерен и современ дизајн, новини во областа на хардвер и софтвер технологиите, документарци и видеа, но и промоција на странски и на македонски диџеи, артисти, бендови и издавачки куќи.
На нашиот веб портал постои и посебна галерија со фотографии од многу настани, журки, концерти и фестивали каде што посетителите можат да се пронајдат во некоја од истите, или пак да ја почуствуваат енергијата од овие настани.
Skopjeclubbing има голема репутација помеѓу младите луѓе во Македонија, но и пошироко. Преку нашиот веб портал посетителите се информираат, но и се едуцираат со што ги задоволуваат своите потреби на едноставен и брз начин.
Доколку сакате да дознаете повеќе за маркетиншките можности на Skopjeclubbing, контактирајте не на sclubbing@gmail.com, или пак превземете го документот со информации на овој линк:
за повеќе информации : marketing@skopjeclubbing.com.mk

