Промоција на Bturn.com со Tijana T [Белград, РС]

Овој петок во клубот Папаја, ќе се случи промоција на новиот балкански онлајн магазин Bturn. Гостува Tijana T, мулти-талентирана девојка која живее во Белград и која на локално и интернационално ниво е добро позната како вокалист, диџеј и ТВ презентер. Тијана има една деценија долга кариера во правење музика и ТВ емисии во родната земја Србија во текот на кој таа се етаблира како влијателна фигура на новата српска музичка сцена. Помеѓу 2003 и 2008 година таа е портпарол за познатиот Егзит фестивал, а исто така е автор и водител на ТВ емисии поврзани со овој фестивал.

Нејзиниот најнов музички ТВ шоу “Јелен Топ 10″ буквално ја воскресна српската музичка сцена и и донесе на Тијана уште поголема популарност. Покрај тоа што е призната како презентер, Тијана има и музичка кариера, таа е и диџеј и редовен вокален соработник на познатиот артист Abe Duque. Со овој њујоршки продуцент го обиколува светот со што добива уште повеќе признание. Нејзиниот вокал може да се чуе на неколку EP-ја и албуми, а нивните спектакуларни живи настапи ги посетија некои од најзначајните клубови во светот како што се: Robert Johnson/Frankfurt, Watergate/Berlin, Space/Ibiza, Goa/Madrid, Elysee Montmartre/Paris, Les Nuits Sonores festival/Lyon, Cassero/Bologna, Krysha mira/Moscow, Arena/Berlin… Со редовниот диџеинг гради цврста фан база секаде каде што настапува, а публиката и промотерите едноставно ја сакаат нејзината совршена комбинација на харизматичен карактер и одличен избор на музика. Исто така организира забави во Белград каде ги носи нејзините меѓународни пријатели да и се придружат на грамофоните. Преку овие забави на локалната публика ги претстави Sascha Funke, M.A.N.D.Y, Heidi, Damian Lazarus, Gebruder Teichmann. Три години Тијана беше домаќин и на радио емисијата “TILT” презентирајќи ги најновите електронски денс музички изданија.

Во прилог ќе може да го чуете најновиот микс од Тијана, кој е снимен пред неколку дена во белградскиот The Tube каде таа настапи со руската диџејка Nina Kraviz.

Bturn е меѓународен онлајн магазин кој презентира прецизно избрана селекција на современа Балканска и Источно Европска култура, која опфаќа музика, филм, уметност и дизајн, како и голем број на социјални прашања, од образование до дрога и сексуалност. Овој магазин ќе понуди свеж, стрејт форвард пристап кон комплексноста на овој диспаратен културен простор на начин кој е во исто време забавен, едукативен и ангажиран.

На оваа промотивна забава настапуваат и Jerton, браќата Јетон и Ертон Весели досега попознати во јавноста како Intellect. По подолга пауза тие се враќаат со новиот проект под името Jerton. До сега со свои изданија се појавуваат на италијанската етикета Empro music, а и за неколку други етикети како Volt9 Records, Bavaria Records, Receptive Records, Silver Screen Records… Најчесто настапуваат во живо, а нивните настапи се комбинација на хаус и техно во најсуптилната комбинација.

петок, 16 декември 2011, почеток 23 ч.
клуб Папаја

Tijana T (Белград, Tilt/Recon Warriors)
Jerton LIVE! (Гостивар, Empro music)
Toni Dimitroff (Скопје, Greenfields)

видео: Јане Алтипармаков

+ втор ИНДИ подиум

Сподели:
  • Facebook
  • MySpace
  • Twitter

Еден Коментар за “Промоција на Bturn.com со Tijana T [Белград, РС]”

КОМЕНТАРИ