Шестото издание на Reworks Фестивалот најавува музика за сите

Reworks фестивалот претставува хепенинг кој се одржува во Солун, Грција каде што се сретнува уметноста и музиката на едно место, и со големо возбудување ви ја најавува својата најнова програма под мотото Music For All, исполнета со преку 100 уметници и музичари која ќе биде презентирана на 4 различни фестивалски бини. Оваа година ќе се одржи на 17-18 Септември славејќи го својот 6ти роденден. Reworks фестивалот има чест оваа година повторно да ја пречека техно легендата Sven Vath (Cocoon), кој ќе биде придружен од берлинскиот состав Moderat (BPitch) чиј албум во 2009та година најде свое место како еден од најдобрите според врвните музички критичари, покрај тоа ќе се претстават и Warp Records со бендот Autechre, како и неколку домаќини на англиското BBC Радио 1, Heidi, Agoria и Brendan Perry кој е еден од основачите на култниот бенд Dead Can Dance.

Спојувајќи ја заедно модерната уметност и напредната интелегентна музика во една урбана средина Reworks се смета за темел на музичката и модерната уметничка сцена во Грција, и е совршено место за промоција на новите артисти од овие гранки. Претставува меѓунаредно место каде што се среќаваат младите љубители на музика и уметност и е ценет за својата богата програма, која во 2008та и 2009та година беше оцената како една од најдобрите според еминентното електронско списание Resident Advisor, a SEEME го прогласи како трет најдобар настан на Балканот за 2009та година.

Базиран на блиските конекции помеѓу музика, мултимедија, уметност и култура, Reworks ги претставува сите најмодерни музички и уметнички правци во еден од најстарите византиски градови Солун. Оваа година го документира и презентира почетокот и еволуцијата на електронската музичка сцена во Грција, преку различните фактори и влијанија врз модерната уметност, односно влијанието на журките во социјалниот живот, модата и останатите трендови кои се производ од електронската музика.

4  бини, 2 надворешни и 2 внатрешни имаат за цел да представат широк дијапазон на на електронската музика- House, Techno, Modern Jazz, Freestyle, IDM, Electronica, New wave, Electro, New Rave и Dubstep.

Оваа година Skopjeclubbing со цел да ве доближи поблиску кон овој врвен настан нуди блок-карти за двата дена по цена од 40 евра. Заинтересираните може да испратат email на sclubbing@gmail.com

Сподели:
  • Facebook
  • MySpace
  • Twitter

2 Коментари за “Шестото издание на Reworks Фестивалот најавува музика за сите”

  1. dj

    bravo za komsiite, fantasticna ponuda godinava!