Првиот ден на Акто 5 фестивалот на Indie Stage настапија Martchin, Kanton 6 и Dejan Dex. Не успеавме да го снимиме настапот на Martchin па ќе се задоволите само со настапите на Kanton 6 и Dex. Kanton 6 е нов музички проект на Мирко Попов, како диџеј и вокал, и Синиша Ефтимов на гитара. Оваа невообичаена комбинација за првпат ја слушавме на Акто фестивалот и звучеше навистина свежо. Синиша импровизирајќи успеваше да ја надополни секоја трака која Мирко ја пушташе а песните од ПМГ Колектив ги изведоа и отпеаа во оргинална верзија. На дел од песните настапи и MC Karlo од Белград. Вечерта ја затвори битолскиот диџеј Dejan Dex со свој веќе препознатлив сет од tech house селекција со огромно количество на бас.
Stay tuned, следуваат уште ексклузивни сетови и настапи од Акто 5 фестивалот.
Kanton 6
Опции: Отвори во нов прозор | Симни (Големина: 1:32:37 — 127.2MB)
Dejan Dex
Опции: Симни (Големина: 1:10:20 — 101.9MB)
