Bei the Fish се дел од 30те изведувачи кои ќе се натпреваруваат за наградата најдобар регионален изведувач на доделувањето на MTV Европските Музички награди на 7 ноември во Мадрид.
Гледачите на MTV и посетителите на веб-сајтот www.mtv.rs имаа прилика да го дадат своето мислење за оние изведувачи, кои според нив треба да влезат во листата. Според предлозите на претходните добитници на наградата MTV Best Adria Act, MTV одбра 30 регионални изведувачи, кои се во конкуренција за влез во финалниот круг од 5 номинирани.
Во однос на составувањето на листата од финални 30 изведувачи, во предвид се земени и други фактори како: целокупниот успех на изведувачот или бендот во претходната година, влијанието кое го оставиле на музичката сцена, како во земјата од која доаѓаат, така и во регионот, квалитетот кој изведувачот го поседува, квалитетот на видео продукцијата, колкава е популарноста на изведувачот, колку концерти имал во тековната годината, какви биле реакциите на публиката, кога го објавиле последниот албум/сингл/спот, застапеноста во медиумите во текот на годината…
Гласањето трае се до 26 август, точно на пладне.
Листата на конечни 5 номинирани изведувачи за наградата Best MTV Adria Act, регионалниот MTV канал ќе ја објави на почетокот од септември.
ГЛАСАЈТЕ ЗА BEI THE FISH!!!

