
Уште една недела до почетокот на единствениот фестивал за современа уметност AKTO, кој се одржува петти пат по ред во Битола. Скокотливите теми на овој фестивал се добро осмислени и интересни концепти на организаторите, а овојпат главната тема на АКТО ќе биде : СВАДБИ. Од тимот на овој фестивал велат дека ова е “неуметничка” тема, но нивната идеја е да се испровоцира односот кон социјалниот контекст преку уметничко делување на тема која што е знакова и популарна.
Како и досега и оваа година уметничкиот и продукциски тим на АКТО не го испушта моментот на изненадувањето што ќе се презентира преку двете константи форми со кои се занимава, а тоа се темата и просторот. Водени од тоа дека очекувањата треба да се надминат, гранците да се преминат, работите да се придвижат, а неочекуваното да се очекува. Оваа година особен акцент во програмата на фестивалот е ставен на визуелните уметности и музиката.
Оваа година фестивалот ќе има над 50тина уметници од Македонија, Словенија, Хрватска, Бугарија и Србија. Музичката програма на АКТО е разновидна, а ќе имате можност да ги чуете Studgart Online од Србија, String Forces од Македонија, домашните диџеи Vaso & Game Over, Андреј Анчевски, Плагиј.ат showcase, Urbanium, Мaчки , Goran Tech , Кanton 6 -диџеј сет на Мирко Попов плус Синиша Ефтимов на гитара, Martchin, Dejan Dex, Стојче и Disphilharmonia.
Фестивалот АКТО е дел од Битолското културно лето Битфест 2010 година.
Музичките настани ќе се одржуваат во различни простори, како што е напуштената фабрика за текстил “Иднина”, старата куќа на Широк Сокак “Ал Хамбра”, Старата чаршија како и во напуштената легендарна кафена на ридот Тумбе кафе. Официјалното café на АКТО 5 е битолското кафуле Камарите.

Kanton 6 (so K:)))