
Репортажа: Андреј Анчевски
EXIT фестивалот е чуден феномен, барем за овие краишта. Манифестација која буквално пред наши очи прерасна од студентски протест во еден од најголемите и најатрактивните светски музички фестивали.
Во своето единаесетто издание, програмата распоредена во четири дена изобилуваше со храбри букинзи на нови, свежи и интересни имиња плус вообичаените тешкаши во повеќето актуелни музички жанрови на дваесетината стејџови низ Петроварадинската тврдина, па и покрај гужвите и проблемите поврзани со масовни случувања од овој тип одлуката да се продолжи летната традиција со посета на уште еден Exit беше изненадувачки лесна.
Ден 0
Екипата го напушти Скопје во разумно доцните утрински часови. Пет-шест часа автопат, една казна за брзо возење и два промашени излези подоцна најдовме пристоен плазма телевизор во downtown Нови Сад да го проследиме полуфиналниот триумф на силите на злото што значеше откажување од било каков навивачки интерес во понатамошниот тек на популарното #svecko и намалување на не-музичките дистракци за време на фестивалот на нула.
Ден 1
Благопријатно изненаден од релативно малата посетеност, (сепак во шестоцифрени цифри) со сеуште неспадната доза форнети во стомакот бев апсолутно запрепастен од феноменалниот старт на фестивалот со LCD Soundsystem. За волја на вистината морам да признаам дека очекувањата беа високи, но Њујорчаните дебело ги надминаа со еден од најмаестралните концертни настапи кои некогаш ги имам проследено. Со одличен пресек на музика од сите три досега издадени албуми меѓу кои и мојот личен хит Losing my Edge, како и срцепарателната балада New York I Love You за крај, колективот даде се од себе, но и доби многу за возврат од публиката. Ништо чудно што James Murphy и останатите веднаш после настапот се решиле да извадат концертно DVD токму со нивниот настап на Exit.


Спринтот до HappyNoviSad стејџот (оваа година под покровителство на residentadvisor.net) се исплатеше, каде дечките (а и девојките) од лејблот од соседството Svetlana Industries приредија одлично загревање за претстојниот WARP showcase каде Tim Exile не штедеше ништо, Clark покажа дека иако е одличен композитор и продуцент, настапите во живо не му се најсилната страна a Hudson Mohawke на најдобар начин докажа зошто е едно од имињата кои за кратко време доживеаа невиден подем на светската музичка сцена.

Во меѓувреме, поколоритната страна на електропоп сцената исто така одлично се покажа преку настапите на Mika (Main Stage) и Chromeo (Dance Arena). Зачудувачки, традиционално рејверски настроената публика на Dance Arena-та даде многу љубов и поддршка за хумористичниот, но и завидливо музички квалитетен настап на Chromeo.


Назад на Main, DJ Shadow приреди одличен аудио-визуелен перформанс пред својата верна публика но и сите фанови на музичкиот еклектизам пред кои се претстави со свежа но моќна комбинација на дабстеп, брејкбит и хип-хоп. Не разочара ни интернет-феноменот Die Antwoord, тимот од Јужна Афрка го дигна преполниот Fusion стејџ на нозе со нивниот препознатлив, високооктански Zef звук (хипер-агресивна комбинација на хип-хоп и рејв) и сценски настап којшто симбиотски се хранеше од енергијата и ентузијазмот на публиката.

Вечерта до кулминација ја издигнаа електро сетовите на Erol Alkan и Boyz Noize, но мојот фаворит во раните утрински часови беше Rustie кој пред преполниот HappyNoviSad се претстави со еден енергичен дабстеп сет кој никого не остави рамнодушен. Можеби премногу очекував, но 45 минутниот настап локалните херои од Нови Сад наречени The Good Guys чиј live act иако продукциски квалитетен немаше некоја вистинска насока или идеја. Сепак, достоинствен крај на фестивалската вечер приреди DJското дуо составено од Henrik Schwarz и Jesse Rosse кои заеднички настапуваат како Black Rose. Сервиран беше еден софистициран но и фанки сет на хаус музика која прекрасно се вклопи во веќе денската атмосфера на арената.

Лекција научена: горната брава од станот се отклучува на десно, долната на лево. Време потребно да се научи лекцијата – околу 20 минути.
/сите слики се сопственост на Exit фестивалот, земени од нивниот официјален Flickr профил http://www.flickr.com/photos/exitfestival

Браво за трудот, ама малце креативност не ќе е на одмет: http://bassinfuzija.wordpress.com/2010/07/15/e%CF%87%CE%B9%CF%84-2010/
Nekako konceptov na reportazata deluva poznato ako ne i prekopirano od eden blog kade shto na mn poslikovit nacin e dolovena atmosferata na festivalot ,bash kako shto i dolikuva :) Avtorot si znae…:)
на што поточно мислиш? копирање на наслов и ден 1?
ако е затоа коментарот со креативноста, тогаш мораш да ги погледнеш другите сајтови не само на бас инфузија, исто го опишуваат и прават репортажи за овој фестивал, или на делови, или кратка и досадна вест.. а ако не е тоа извини..ќе чекаме објаснување :)
Еј, извинете ако нешто некој се препознал, ваљда и кога пишував репортажи од Егзит уште во 2006 и 2007 на овој начин сум крадел нечии концепти а?
- Авторот
ПС. уживајте во текстот, ако понатаму нешто ве интересира пишете ми е-маил на andrej.ancevski [at] gmail [dot] com! :)
Spomnato bese zatoa shto slicnosta e ocigledna i pregolema,a inaku ne znam jas kakvi reportazi si pisuval uste vo 2006/07,kako i da e sekoja chest i prodolzi si i natamu :)Chitatelite neka si procenat sami,neli :)
Мислам на целиот концепт на текстот, не само копирање на наслов и ден 1, 2 и сл. Не ме мрзеше и побарав примери – Resident Advisor, сајт што е спомнат во текстов има поинаков пристап на презентирање http://www.residentadvisor.net/review-view.aspx?id=7694 така да не можеме да кажеме дека сите прават вака, додека пак рецензијата за ланското издание на Exit во Sun, иако го прикажува фестивалот по денови има сосема поинаков пристап во раскажувањето http://www.thesun.co.uk/sol/homepage/showbiz/music/2536240/Exit-Festival-2009-reviewed.html
Не ме сфаќајте погрешно, не ми е намерата да го оспорувам квалитетот на пишување на Андреј или пак на статиите објавувани на Skopje Clubbing, но мислам дека кога веќе има толку малку сајтови и блогови кои кај нас се занимаваат со оваа тематика, може барем да се направи некоја разноликост. Поздрав, и го чекаме ден 2! :)
kritika bez prilozen konstruktiven predlog = agresija.
keep up the good work Andrej!