Griid – контролер за Ableton Live & iPad


Richie Hawtin го објави доаѓањето на Griid ,  модуларен контролер од новата компанија Line кој претставува нов начин на комуницирање со звукот.  Richie  е првиот што го користи овој контролер а истото така помага во неговиот развој. Ова е првиот од контролерите на Line кој ќе се користи за контролирање на Ableton преку iPad, iPhone или iPod Touch. Griid овозможува брзо и едноставно да ги најдете клиповите од Ableton и да ги пуштите, во процес кој не е ништо поразличен од оној  што сте навикнале секојдневно да го употребувате на својот iPhone или iPod Touch. Деталите за овој продукт ќе бидат набрзо објавени,  па проверувајте ја нивната веб страница каде може да го видите и видеото од пробата на Richie за Movement фестивалот како го користи Griid.

Сподели:
  • Facebook
  • MySpace
  • Twitter