14ти јули во Струга – Dance Dayze Festival

Иако овој фестивал веќе беше споменат во текстот за најатрактивните балкански ова лето, вреди да се споменат уште многу работи кои што ќе не очекуваат точно за месец дена на прекрасната плажа Изгрев во Струга. Dance Dayze Festival се одржува првпат оваа година, во организација на Screen Entertainment, ново промотерско име за нашата сцена, но сепак со долгогодишно искуство на организирање настани од овој вид. На Изгрев, на 14ти јули ќе се појават многу артисти и диџеи од цела Македонија како Саунд Дифјужн, Мачки, Мирко Попов, Душко Јаневски, Флудер, Сашо Ресид, Роботек, Интелект, Милескаја, Дарко Степич, Хајперте, но возбудливо е дека се најавени настапите на многу влијателни и барани имиња во светот на современата електронска сцена. Да почнеме со Тимо Мас(Германија), Марко Настиќ (Србија), Екстравелт (Германија), Гај Гербер (Израел), Доминик Еулберг (Германија), Лоукис (Австралија), Џеј Нити (Италија). Овој фестивал ви нуди една целовечерна екстра програма, нешто како еден ден на Exit, поточно на Dance stage.

Внимателно селектираната музичка програма на Dance Dayze, ќе се одвива во прекрасен амбиент каде на посетителите ќе им бидат понудени и дополнителни содржини кои вклучуваат релаксирање со масажи, а ќе има и шатор за тетовирање. Почетокот на фестивалот е најавен во 18 часот и ќе трае до 9 часот утрото следниот ден. Влезниците се 500 денари, а ќе се продаваат наскоро во Југотон и Together Tobacco.

www.screen-entertainment.com

Сподели:
  • Facebook
  • MySpace
  • Twitter

Еден Коментар за “14ти јули во Струга – Dance Dayze Festival”

КОМЕНТАРИ