Повеќе од една година Latenta Project имаат своја радио емисија Wavesurfing на светски познатото онлајн радио Протон. Емисијата се емитува секој последен вторник во месецот во 12:00 PM EST. Миксовите од оваа емисија се едни од најслушаните на Протон и секојдневно добиваат одлични коментари. За денес го имаме нивниот фебруарски микс , селекција од свежи deep tech и house траки перфектно измиксани како и во секој нивни микс. Во миксот ќе слушнете траки од Ian Pooley, Harold Heath, Fred Everything, Alex Celller , Tucillo. Пред неколку месеци ја стартува и сопствената издавачка куќа која го доби името на ова радио шоу Wavesurfing. Уживајте во овој квалитетен македонски производ.
Симнете Тука
Опции: Отвори во нов прозор | Симни (85.2MB)
