PMG Recordings 2 – Фестивал во Хавана

pmg rec fest

Фестивалот ќе се одржи на 26 февруари 2010 во клубот Хавана во Скопје и претставува природно и димензионирано продолжение првиот ПМГ Рекордингс фестивал кој се одржа во мај 2008 година и привлече околу 2000 посетители. Во исто време тоа е додатна надградба на културната, концертна и фестивалска активност на водечката домашна независна дискографска куќа ПМГ Рекордингс, која се протега во изминативе дванаесет години и тоа со растечки интензитет.
Најзачајниот аспект на овој фестивал е секако прославувањето и широката афирмација на македонскиот нов музички бран, кој се етаблираше на нашата културна сцена во последните 5-6 години. По огромниот број изданија, концерти и фантастична македонска музика, се чувствува потреба од еден поголем-обединувачки настан, кој ќе биде цврст показател за значењето и развојот не само на ова културно движење, туку и севкупната македонска култура во новиот век.
Бендови кои ќе настапат на ПМГ Рекордингс Фестивал 2 се главно најактивните и најуспешни македонски бендови во последниот период, сите со едно или повеќе изданија за лејблот. Некои од ниве веќе имаат и забежителни настапи и вон земјата.

20:00 vrata
21:00-21:30 Conquering Lion
21:40-22:10 Millko
22:20-22:50 Sashko Kostov
23:00-23:30 The John
23:40-00:10 Bernays Propaganda
00:20-00:50 PMG Kolektiv
01:00-01:30 Mooger Fooger
01:40-02:10 Bei The Fish
02:20-02:50 Autminid
03:00——- Robotek+Marija Kaeva

Картите во претпродажба по цена од 300ден. во Custom Pub, Living Room i Litium.
На врата вечерта 400ден.

Сподели:
  • Facebook
  • MySpace
  • Twitter