Прво,не се налетува секој ден на парче музика (и тоа Б-страна!) кое содржи повеќе историја од просечниот учебник во средно, а и звучи многу, МНОГУ подобро.
Второ, не очекував од човек кој уште твори под псевдонимот ‘Pattern Repeat’ толку богато, раскошно и мелодично дело кое не само што истовремено ги евоцира најдобрите спомени од Basic Channel и детроитскиот техно звук, туку и успева да игра со текстурирани стерео шумови а ла Monolake и дабстеп перкусии во слободното време.
Трето, траката е толку фраерска, што не и ни треба четвртиот бас-бубањ.
Андреј Анчевски
Get the Flash Player to see the wordTube Media Player.

