Можеби за некој радосна, за некој и не толку интересна вест. Најбараниот Live Act на господинот Richie Hawtin, попознат како Plasticman се враќа оваа година со неколку настапи.
Последниот настап на Plastikman беше во 2004 година, на Mutek фестивалот, а оваа година неговиот прв ќе биде на овогодинешниот Time Warp Festival на 27ми март во Германија. Оттука следна дестинација е Coachella, а за другите настапи сеуште нема официјални податоци.
Richie Hawtin за ова негово враќање и оживување на овој негов проект вели:
“Отсекогаш ме фасцинираше начинот на звукот, осветлувањето, визуелнaта и човечкaта интерактивност кој го дефинираат и продлабочуваат искуството со фокусирање на мојот сопствен уникатен звук. Се надевам дека ќе пронајдам некоја нова слобода, и ќе истражувам во крајностите на овие елементи и нивното спојување, кое што е предизвик за моите сетила, стимулирање на сеќавањата и создавање на физичко и психичко искуство со интензитет кој може да биде само на Plastikman.”
Richie Hawtin, исто така изјави дека ќе се претстави на многу модерен начин, со најновата технологија. Дали ова ќе биде некој “upgrade” на добро познатиот Contakt проект, останува да видиме и да почекаме до март.

