
Од денес стартува новата секција Re-Play . Оваа секција ќе ви презентира по една трака дневно која ние или некој од нашите соработници, пријатели, читатели не можеме да престанеме да ја слушаме. Како иницијатор на оваа идеја јас ја имам честа да ја отворам оваа секција со мој избор. Имав три траки кои беа во потесна конкуренција:) и ја избрав најстарата но за мене релативно ново откритие. Трaката е Fruchtalarm од Herb LF во ремикс на Wighnomy Brothers издадена во 2007ма за Farside издавачката куќа. Дидо од Latenta Project неодамна ми ја прати и од тогаш е во мојата дневна плејлиста. Траката почнува како регуларна deep house трака со хипнотизирачки пад се до втората минута и првиот брејк каде по вокалот Jazz одеднаш започнува неверојатно jazz возење. Соло саксофон, jazz вокал , истите падови и динамичен ритам до крајот на оваа одлична трака. Се надевам дека ќе ви се допадне мојот избор
Базел
Super!
Race u vis! :) dvete i toa :D