Една од првите топ листи на редизајнираниот Skopjeclubbing беше на младиот и талентиран Игор Зотиќ. За оние кој не го ѕирнаа тој chart Зотиќ е музички образован и има поминато низ сите институционални скалила- основно музичко образование, средно музичко и музичка академија и личност која активно свири пијано. Со неколку изданија за македонскиот лејбл Логос покажа дека е екстремно талентиран и дека од него треба многу да очекуваме во иднина . Како и во претходниот негов избор така и во овој ќе најдете квалитетни мелодични house и техно траки. Во листата ексклузивно може да ги слушнете и двата негови ремикса кои наскоро ќе бидат издадени на Soul Glow и Electronic Groove.
Игор Зотиќ Фебруари Топ 15
Get the Flash Player to see the wordTube Media Player.
