“Ако Никој Не Свири” во кино Фросина овој викенд

akonikojnesviriПо премиерата од крајот на минатата година  документарниот филм “Ако никој не свири” овој викенд може да го гледате во Кино Фросина од 29 до 31 jануари а проекциите започнуваат во 20 часот.
“Ако никој не свири” е филм за подземната историја на скопската рокенрол сцена, за нејзиниот автентичен урбан сензибилитет и неисцрпна креативна енергија. Филмот одблиску ги следи почетоците на бендот Bernays Propaganda низ секојдневниот предизвик да се живее за музиката.
Во филмот учествуваат: Васко Атанасоски, Кристина Горовска, Џано Куч, Горан Аргировски, Кирчо Арсовски, Ненад Неделков, Мирко Попов, Сеад Хаџиќ и други борци на македонската музичка сцена.

Сценарио и Режија: Ѓорѓи Јаневски
Камера: Бранд Ферро
Монтажа: Благоја Неделковски

“Ако никој не свири” е независна продукција на СТОТРОЈКА – здружение на граѓани за културна иницијатива, во соработка со PETRA PAN FILM, HOUSE 57 и 3X. По овие проекции, во план е прикажување на филмот и во други градови низ републиката, како и негово учество на повеќе меѓународни филмски фестивали.

Сподели:
  • Facebook
  • MySpace
  • Twitter