Водечката компанија за технологии Bach Technology, го промовираше новиот изум наречен MusicDNA, која има за цел да го замени Mp3 форматот со тоа што на слушателите ќе им понуди едно ново и интересно искуство. Во самиот фајл, кој ќе можете да го преземете-купите од некои продавници за дигитална музика, освен аудио фајл ќе добиете и текстови за песните, слики, а доколку бендот или артистите се на тура, ќе добивате инфо на истиот фајл.
Овој фајл ќе може да се пушти на сите плеери, вклучувајќи го и Ipod-от. Овој формат ќе биде достапен ова лето, а оваа компанија е веќе во преговори со многи издавачки куќи. Нивната цел е дека и во дигиталната ера, музиката може да биде побогата и покомплетна.
Во прилог погледнете видео со Bach Technology.

