Native Instruments објави соработка со Abbey Road

Native Instruments со гордост ја објави новата соработка со легендарното студио, Abbey Road. Двете компании ќе работат заедно за да произведат еден нов опсег на инструментите кои ќе ја  обединат експертиза на Abbey Road за снимање со технологијата на Native Instruments.

Ова видео ви дава краток преглед околу познатата Abbey Road Studios, и открива како нејзината долга историја на задоволување на амбициите на уметници и инженери произведе огромен број на класики.
Инструментите креирани од оваа соработка ќе обезбедат пристап на современите продуценти до “The Abbey Road”  звукот низ опсег  функционалноста на  Native Instruments . Првата серија на инструменти кои се  моментално во развојсе закажани за во овој месец.
Иконата на  музичката индустрија од 1931 година, Abbey Road е локацијата на безброј снимки од уметници како The Beatles, U2, Kate Bush, Oasis, Radiohead и Kanye West. Низ својата долга историја, Abbey Road е пионер во многу студиски техники и технологии, и денес е широко признаен како една од најнапредните установи во светот во снимањето, миксањето и пост-продукција .

Сподели:
  • Facebook
  • MySpace
  • Twitter