Минатиот месец веќе ве известивме за видео запис на скопскиот бенд Bei The Fish, но нивната активност на ова поле не застанува. Овојпат тие направија промоција за нивниот нов спот за песната – True Story кој наиде на супер критики од страна на публиката. Спотот беше претставен во концептуалната продавница Лудус, на необичен начин. Заедно со првиот снег посетителите на оваа промоција имаа можност да ги слушнат Bei The Fish со свој мини концерт, а во исто време да уживаат во нивната музика која беше претставена во излогот на оваа продавница. Видео записот е изработен од страна на Ѓорѓи Унковски во стоп моушн анимирана форма, и е продуциран во Америка каде тој студира фотографија на Универзитетот Рочестер. Бендот оваа година го најавува и издавањето и официјализирањето на нивниот прв албум “Listen” кој досега не ја доживеа својата промоција, а ќе биде издаден за Pmg Recordings и Круг продукција.