Плочите се враќаат со својот сјај во Америка

Според најновите истражувања и пишувања на многу медиуми, плочите се враќаат со подобрување на продажбата за разлика од дигиталните формати во Америка. Како што пишува Variety, музичките фанови се враќаат повторно на “пластиката” или подобро познатa во светот како винил. За разлика од 2006 и 2007 година, продажбата на плочите е порасната за 50 % .

Во статиите се нагласува дека за разлика пред две години бројката била 782.000, а минатата 2008 година се продадени 1, 4 милиони копии од овој музички формат. Овие факти исто така се поткрепени и од многу издавачки куќи кои прекинаа со продажба на плочи.

Со ова се докажува дека сепак купувачите се стремат повеќе кон “материјални производи”, и дека слушателите се презаситени од дигиталните превземања и губење во музиката. Се разбира ова не важи за диџејот број еден во светот Тиесто, кој во едно од последните негови интервјуа изјави дека плочите се кошмар за диџеите. Незнам колку вие би се сложиле со ова.

Прашањето е дали овој тренд ќе продолжи и во Европа, времето ќе покаже.

the-thing

Сподели:
  • Facebook
  • MySpace
  • Twitter