Оваа година беше многу продуктивна за многу артисти и бендови. Така и британскиот електро поп бенд Hot Chip објави најава на својот сајт за нов албум кој што ќе биде готов во февруари 2010. Новиот албум насловен како “One Life Stand” тие го опишуваат како поамбициозен од нивните претходни три, меѓу кој и “Made in the Dark” кој беше издаден во 2007 година.
Hot Chip својот албум ќе го промовираат најпрво на нивниот остров со турнеја која почнува на 12ти февруари во Глазгов.

