Пред месец дена скопската четворка Bei the Fish го промовираше новиот спот за летниот супер хит “Livin’ in a Box” од нивниот последен албум “Time to Make Things Right”.
На спотот работеа директор на фотографија Кристијан Војдановски и Горан Костовски – Индог кој го монтираше, анимираше и финално го обработи видео записот. Спотот содржи фрагменти од промотивниот концерт за албумот “Time to Make Things Right” и анимирани елементи кои ги интегрираше повеќегодишниот соработник на бендот Горан Костовски.
Со овој спот Беј д фиш почнува визуелно да го презентира новиот студиски албум “Time to Make Things Right”, кој не само што ги собра епитетите од македонската јавност туку и од пошироко. Кон крајот на годината бендот ќе пласира уште еден спот за насловната песна од албумот на кој веќе работи екипа во Соединетите Американски Држави предводена од нашиот млад визуелен уметник Ѓорѓи Унковски.