Берлинскиот музичар Мартин (Paul Kalkbrenner) , познат како DJ Ickarus е на турнеја со својот менаџер и девојка Матилда (Rita Lengyel). Тој напредува во кариерата, има легија од фанови , успешна издавачка куќа , менаџер а воедно и девојка и секако личен дилер.Oд клуб до клуб околу светот тој е на пат да го издаде својот најдобар албум.Но сето ова пропаѓа во вода одкако Ickarus е приморан да оди на лекување во психијатриска болница поради преголемо конзумирање на дрога- всушност трагикомедијата на денешниот Берлин.
Филмот црта фиктивeн портрет на еден музичар во денешниот Берлин. Станува збор за уметност и лудоста, опивање и екстаза, надеж и иднина, пријателство и семејството, музика и радоста да се живее, и секако за љубовта.
Берлин ве повикува!!!
